Create a Website
Play online right now
[
Two kingdoms - waged in a bitter war against each other. Are you ready to fight for verity and unity?
]
Штипјани - Почетна
ДОБРОДОЈДОВТЕ НА ШТИПЈАНИ
Sunday, 2012-01-29, 01:01
Welcome
Guest
|
RSS
Main
|
Registration
|
Login
Tag Board
--
15 sec
30 sec
1 min
2 min
200
Our poll
Оценете го нашиот сајт
Одличен
Добар
Може и Подобро
Лош
Заникаде
[
Results
·
Polls archive
]
Total of answers:
155
Statistics
Total online:
1
Guests:
1
Users:
0
СТРАНАТА Е ВО ИЗРАБОТКА
WEB HOSTING I DIZAJN
Наскоро Штипјани Радио 24 часа онлајн
За да не биде уапсена од полицијата, штипјанката И.Ј. (25) голтнала ќесичка со пет грама хероин. Штипјанката била во друштво на пријателката А.Т. ( 23) од Куманово, која имала пакување од три грама хероин кај себе, кој полицијата го пронашла. Девојките биле во автомобил "шевролет спарк" со велешка регистрација, управуван од Д.С. (28) од Велес.
Двете дилерки биле уапсени во петокот околу 22 часот, во кругот на бензинската пумпа на "Макпетрол" во населбата 8 Ноември. При претресот била најдена дрога кај една од девојките.
Според информациите на СВР Штип, по приведувањето на трите лица, штипјанката кажала дека во паника голтнала една ќесичка со дрога само за да не биде фатена на дело. Потоа веднаш била одведена во болница, каде што била извршена лекарска интервенција и била пронајдена дрогата.
Против трите лица е поднесена кривична пријава за нелегално поседување наркотични средства. 25/01/2009
Најсекси жената за оваа година според изборот на магазинот „Esquire“, актерката Хали Бери ненамерно ја покажа градата. Убавата оскаровка на снимањето на филмот „Alice and Frankie“ , каде ја игра насловната улога, имаше мала незгода со облеката, а спремните папараци ја искористија шансата и ја сликаа полуголата Бери.
Ајкула успеала да скокне од својот аквариум во водениот парк, директно во базенот полн со гости. Иако ајкулата го преживеала патешествието и веднаш била вратена во својот аквариум, не успеала да се одржи во живот, поради огромната количина на хлор во нејзиното тело. Вработените од водениот парк Atlantis resort на Бахамите, велат дека ајкулата вообичаено не претставувала никаква закана и дека мирно си пливала во својот аквариум. Веруваме дека ајкулата имала причина да реагира на ваков начин, но не можеме да објасниме зошто ова се случило. Во изминатите 10 години не сме имале никаков проблем, ајкулата ја хранат вработените и никогаш не била вака агресивна, велат вработените во Atlantis resort, искажувајќи жалење за немилиот настан. Atlantis resort е уникатно место, воден парк со голем број базени, водопади, па дури и еден вид морско живеалиште наполнето со филтрирана вода од Атлантскиот океан.
Познатиот светски пејач Мајкл Џексон страда од заболување на белите дробови, кое може да биде фатално за неговиот живот, изјави авторот на книгата за поп ѕвездата Јан Халперин, во интервју за списанието „Ин тач“. Халперин тврди дека кралот на поп музиката страда од ретко генетско заболување, кое може Џексон да го доведе до степен да има потреба од пресадување на бел дроб. Тој со години боледува од оваа болест, но неговата состојба во последно време се повеќе се влошува. Тој има потреба од пресадување на еден бел дроб, но можеби во моментов е премногу слаб за да биде подложен на таква операција. Нјсериозен проблем сега претставуваат крварењата во стомакот. Тие можат да го убијат, вели Халперин. Мајкл Џексон ретко се појавува во јавност. Пред неколку недели тој беше снимен во Лос Аџелес со маска „зоро“ на лицето.
30 дена притвор за сескуалните работодавци на 15 годишната штипјанкa.
30 дена притвор за
Зоранчо Димитров и Драган Трајчов
, одлучи денес судијата Ацо Тасев. На Димитров и
Трајчов
судијата Тасев обвиненињето им го надополнува
со притвор
бидејќи смета дека од слобода можат да влијаат на текот на исрагата во завчера откриениот случај со сескуалната злоупотреба на
15 годишно девојче.
Двајацата сега веќе обвинитеи вчера во полицијата беа на повторно сослушување но и соочување со малолетната штипјанка, по што, следи и вакавата одлука. Паралелно со ова, ќе се увтрдува и улогата на мајакта во овој случај.
Учествувала или не во подведување на сопствената ќерка. Засега, докази за ова нема, но индиции, постоеле. За надлежните, необјасниво е зошто мајката била рамнодушна
на дводневното отсуство на детето од дома.
Ќе се истражува дали детото и претходно отсуствувало од дома, но ќе се анализираат и телефонските контакти.
Дали мајката и детето во меѓувреме, се слушале.Најновиот случај на сескуална злоупотреба на малолетничка
полициската
книга ја дополнува
со нови имиња. За неа, 15 годишната жртва досега не била евидентирана. Идентично е и со притворените. Досега, како сторители на такво или слично дело, не се познати.
40 - годишната Шерон Едвардс задоволна го напуштила судот после пресудата според која таа не е крива за поттикнување на однос со малолетник. Судијата заклучил дека на Шерон и ласкало вниманието од момчето затоа што била заробена во несреќен брак, па затоа дозволила момчето да ја заведе. Шерон крајот на минатата и почетокот на оваа година четри пати имала сексуален однос со 14- годишно момче. Нејзиниот сопруг започнал да се сомнева заради бројните пораки кои таа ги разменувала со момчето, кога тој ја прашал за нив, таа му одговорила дека само се забавуваат. Но, таквиот одговор не бил доволен за сопругот, па тој го пребарал нејзиниот компјутер и открил дека неговата сопруга има љубовник кој оди во истото училиште како и нивните синови. Тој ја повикал мајката на момчето, која веднаш повикала полиција. Полицијата го испитала момчето кое потврдило дека е заљубено во Шерон, и дека тие двајца имале сексуални односи.
Викендов,
на
езерото Мантово, штипски риболовец улови крап од 20 килограми. Од завчера,
ловот е главна вистинита
приказна помеѓу рибарите од овој крај
.
Срекниот
риболовец, Валентин
Јованов, објаснува како успеал саботата да му биде најсреќен хоби ден во животот. Доколку немал помош,
поради големата тежина и отпор, Валентин самиот неможел рибата да ја извлече.
Овој улов кај рибарите ја
враќа надежта дека Мантово во своите води чува
вакви, па дури и поголеми примероци. Рибарите, да не губат надеж.
Еден од најдебелите луѓе на светот, Мексиканецот стар 47 години и тежок 450 килограми, починал во вторникот од срцев удар, било објавено во сите медиуми во Мексико. Jose Luis Garza починал додека медицинските лица се обидувале да го префрлат од неговиот дом во Monterrey, на северо-источно Мексико, во болница. Гарза пред смртта имал 90 килограми повеќе од својот колега Мануел Урибе, кој во 2007 година успеал да стигне и до Гинисовата Книга на рекорди како најдебел човек на светот. Урибе меѓувремено изгубил 230 килограми и ја најавил својата венчавка која треба да се случи за еден месец.
Хиндуски поп од средна Индија, се самоубил со ветување дека ќе се врати во живот после два дена, информираа тамошните медиуми, цитирајки шеф на локалната полиција. Маноџ Багел, е опишен како човек занесен во верата. Тој се самоуби на таков начин што испил отров пред насобрани лица за да го гледаат. После пиењето на отровот лицето било однесено во болница за да им се укаже помош, но лекарите констатирале само дека телото на попот е безживотно. Полицијата не можи да го земе телото на 25-годипниот од неговите приврзаници, бидејќи приврзаниците веруваат дека тој после два дена ќе се врати во живот.
24 годишната Афродита Камбери, побарала од докторите да и ги отстранат градите кои биле тешки цели 33 килограми, поради кои имала нонормално тешки болки.
"Бев свесна дека за време на трудноста моите гради ќе пораснат, но во мојот случај пораснаа до невидени пропорции."
"Не можев нормално да спијам, но како што се влошуваше ситуацијата морав да лежам по цели денови. Изработив посебен градник кој практично беше врзан за моето тело, со цел помалку да ја чувствувам тежината",
објаснила Афродита. Поради ненормалните болки докторите морале да реагираат брзовремено и по пат на опреација и биле отстранети градите.
"Случаи како овој се многу ретки, но се случуваат",
изјавил Д-р Борче Антевски кој ја водел седумчасовната операција.
Германски забар провалил во куќата на клиентка и и ги извадил забите бидејќи навреме не му платила полна цена за неговата стоматолошка услуга. Забарот од од баварскиот град Неу-Улм провалил во куќата на жената, ја заврзал и и ги извадил двата керамички мостови што и ги поставил, пренесува хрватски Дневник. Вкупната цена на неговата услуга изнесувала 500 евра и откако осигурителната компанија на жената одбила да го плати наведениот износ забарот ги презел работите во свои раце. Од страна на полицијата забарот се терети за физички напад и кражба.
Рудари на југот од Африка пронашле дијамант од 500 карати. Дијамантот бил пронајден на 8 септември во рудникот Летсенг и досега е дијамант со најчиста боја. Четири од вкупно 20-те најголеми дијаманти се пронајдени во тој рудник, а три се пронајдени во овој век. Уште не е утврдена вредноста на овој дијамант, но портпаролот на фирмата “Гем Дајмондс“ Клифорд Елпцих, изјавил дека дијамантот вреди 12 милиони долари.
Штипските топ 10 фирми, се со фантастични износи на добивка и потенцираат исклучително добро работење. Убедливо најуспешна фирма во Штип е фабриката за производство на масло за јадење “Брилијант“. Чистата добивка за лани му е околу 5 милиони евра. Веднаш зад него е кабелскиот оператор “Роби“, со далеку помала заработувачка, која изнесува 854.000 евра. Трет е “Центар дизајн“, со 771.000 евра, а четврта е “Семак Фешн компани“ со 525.853 евра. Петта на листата е “Текстил Логистик Македонија“ со 521,553 евра заработувачка. Шеста на топ листат е “Нико 2002“ со 415.804 евра, “Змај промет“, кој за една година заработил 390.206 евра, е седма а листата. Осма е “Беас АБС“ со 381.184 евра, деветта е “ФАМ Моде“ со 359.405 евра и десетти е “Езимит вино“ со 335.296 евра. Сите заедно, десетте најдобри фирми од Штип лани заработиле над 10 милиони евра и платиле нешто повеќе од еден милион евра данок на државата. Во книгата на најуспешните 200 фирми во државата, за оваа година од Штип влегува само “Брилијант“.
39 годишен италијанец се вратил порано од работа а дома го дочекала несекојдневна сцена. Тој во својот кревет ја затекол сопругата (37) со локалниот свештеник. Бесниот сопруг после ова се упатил во канцеларијата на бискупот во Венеција, каде што барал објаснувања. Подоцна дури и полицијата морала да интервенира за да го смири разбеснетиот сопруг. Бискупот Анџело Даниел потврдил дека 53- годишниот свештеник, кој бил добар пријател со парот, го испратиле во друга епархија. Бискупот рекол дека отсекогаш го почитувал свештеникот, и дека едно лошо дело не може да ги поништи сите добри дела што ги направил тој досега.
Банда сатанист и убиле четири малолетници со нож а потоа ги исекле на парчиња и делумно ги изеле. Ова се случило во регионот Јарослава, 300 километри северно од Москва каде се и уапсени од страна на полицијата. Ова се случило во регионот Јарослава, 300 километри северно од Москва каде се и уапсени од страна на полицијата. Петмина 19-годишни студенти и уште тројца осомничени ги намамувале жртвите во селска куќа и ги масакрирале. Три девојки и едно момче на возраст од 16-17 години биле присилувани да пијат алкохол до потполно пијанство а потоа биле убивани со нож според сатанистички ритуали и сечени на парчиња, тие нанесувале 666 убоди со нож на своите жртви во склад со сатанистичките ритуали. Напаѓачите потоа палеле оган, го печеле месото од жртвите и го јаделе. Осомничените се уапсени додека ги сквернавеле гробиштата во регионот.
Варшава, 8 септември (МИА) - Полската полиција уапси 45-годишен маж, кој шест години ја држел во заробеништво својата ќерка и при тоа многу пати ја силувал. Мажот бил уапсен во централна Полска, откако девојката минатата недела на полиоцијата и раскажала за насилството. Не се соопштува како 21-годишната млада жена успеала да ја напушти куќата во која била држана од својот татко. Во полицијата таа рекла дека силувањата започнале кога имала 14 години. Во 2005 и 2007 година таа родила две деца кои биле оставени во болница на посвојување. Младата жена на полицијата и рекла дека татко и вршел психолошки притисок врз неа за таа да се откаже од бебињата.
36-годишна Струмичанка починала на лице место од струен удар додека се туширала во купатилото од семејната куќа. Како што информираа од полицијата вчера околу 13 часот во Струмица на улица „Пиринска“ бр.10, во купатилото од семејната куќа, додека се туширала од струен удар починала Јованка Христова. Јованка од екипа на Итна медицинска помош пренесена е во струмичкиот Медицински центар, каде е констатирана смрт како резултат на фибралација на срцето, како последица на струен проток. Увид на лице место извршиле Истражен судија, Заменик јавен обвинител и увидна екипа од струмичката полиција. По наредба на Истражниот судија телото на починатата е дадено на семејството за погреб.
Штипјанецот Ангел Зафиров, алијас Бате Геле, по цели 22 години потрага низ 18 светски држави, конечно ја пронајде својата ќерка. Крај на животната потрага и драма долга 22 години ставил идниот свршеник на неговата ќерка Ангела, кој заедно со неа последните неколку години исто така го барале Зафиров. Инаку, Зафиров познат фудбалски фан и водач на навивачката група на штипскиот некогашен прволигаш, а сега во втората македонска фудбалска лига Брегалница, по распадот на бракот со сопругата, му била одземена тогаш тригодишната ќерка. Познатиот музички композитор на народни песни од Штип, Мирче Кикиритков, приказната на Зафиров ја преточи во фолк хитот “Ангела“, кој на почетокот на 90- тите ја испеа штипскиот пеач на народни песни Зоран Ванев. Ангел Зафиров сега живее во Лас Вегас,САД.
Четири осуденици од затворот во Сараево се снабдувале со дрога преку гулаби, обучувајќи ги да им носат наркотици во затворот, соопштуваат тамошните власти. Заменик-директорот на затворот Јосип Појавниќ ја потврди информацијата, додавајќи дека сите четворица затвореници биле позитивни на тестот за дрога. Со помош на гулабите осудениците внесувале хероин и кокаин во кеси кои биле закачени за нозете на птиците. Од затворската управа истакнуваат дека се започнало кога им дозволиле на затворениците да ги одгледуват гулабите како еден вид работна терапија.
Кралот на ромската музика, Ферус Мустафов (58) пред десетина дена тајно се ожени со скопјанката Јелена Зафировска (25), со која е шест години. Јелена, пак, заради љубовта кон Ферус од православна христијанка стана муслиманка, па место Јелена сега се вика Елис. Венчавањето на Ферус и, сега веќе Елис, се одвивало во џамија во Штип. За церемонијата знаеле уште тројца роднини на Ферус кои биле сведоци и оџата. Венчавањето се случи непланирано иако сме заедно толку време. Бевме во Штип и сосема случајно среде седенка паднавме на муабет на темата брак, станавме отидовме во џамијата и се венчавме. Среќен сум, јас сум секогаш среќен штом сум крај жени. Но, нормално е дека Елис ми значи штом сум со неа толку време, вели младоженецот Ферус.
Израснал компир во облик на пенис (СИГУРНО Е МАШКИ:))) Жена од Карловец се одлучила да се пофали со необичниот примерок на компир кој многу потсетува на составен дел од телото на секој маж. Поради специфичниот облик на овој зеленчук тој нема да се најде во тавче туку во витрината во кафулето во кое работи така што тоа да можат да го видат сите посетители, пренесува хрватската “Слободна Далмација”.
Прабабата Ајви Бин стана најстариот член на Facebook. Сто и двегодишната Бин, наслушнала дека персоналот во домот за старци зборува за некаква си интернет мрежа за дружење и побарала од нив и неа да ја приклучат. „И јас сакам да имам профил“, им рекла старицата која следниот месец ќе наполни 103 години. Оттогаш наваму, Бин со своите пријатели и семејство комуницира на Facebook. Негувателките од домот и отвориле и посебна група, „Oldest person on Facebook“, каде Ајви Бин објавува вести и видео содржини кои се однесуваат на неа. Ајви, која е наглува, но се уште со бистар ум вели дека ужива во нејзиното ново хоби. „Слушав за Facebook и сакав да видам што е тоа. Многу сакам да сум онлајн, уживам во пишувањето, ова е 100 пати подобро отколку пишување со пенкало“, вели Ајви.
Дваесетгодишната Германка “Јасмина88“ си ја продава невиноста на интернет аукција. Таа на интернетска страница објавила опширно писмо со причини за својата одлука и за изгледот на идеалниот маж со кој би ја изгубила невиноста. За Јасмина пожелни се Европјани со сини очи до 45 години, кои до 18 септември ќе дадат најголема понуда. Таа со добиените пари планира да си купи автомобил или да оди на патување, пренесува хрватски Дневник. Таа вели дека повеќе ни и одговараат начелата на нејзините конзервативни родители по прашањето на сексуалноста и дека во сексуален однос до сега не стапила бидејќи сеуште не го нашла оној “вистинскиот“. За да би ја докажала својата недопирната невиност “Јасмина88“ објавила сертификат со кој тоа го потврдува.
Американската актерка Анџелина Џоли е се поуморна грижејќи се за децата и поради исцрпеност малку јаде и постојано плаче, изјави анонимен извор близок на Џоли. Едномесечните близнаци Нокс и Вивиен и создавале многу проблеми на познатата холивудска ѕвезда. Изворот вели дека Џоли не јаде и не спие доволно. Анџелина плаче неколку пати во денот и многу е уморна. Бред два пати досега ја најде онесвестена во бањата, истакна изворот. Тој додава дека семејниот доктор постојно и велел повеќе да јаде за да добие сила за здраво млеко. Во меѓувреме, Бред неодамна изјави дека тој и Џоли сакаат уште деца идната година.
Повеќе грчки интернет сајтови се нападнати од "Македонската Сајбер Елита". Во текстот, покрај сликата со старото знаме на Македонија која се појавува, на грчките страниците се вели: "Поракава е на Македонски јазик затоа што Вие сте наши потомци и знаеме дека ќе ја разберете... Време е да престанете со вашата тврдоглавост, незнаеме со која цел барате нешто што не е ваше, незнаеме до кога и до каде ќе стигнете, но веруваме не многу далеку затоа што ние сме веќе одамна свесни, а сега и потполно спремни да се спротивставиме и доволно моќни да уништиме се што ни пречи. По природа сме мирен народ, но не и наивен и нема да дозволиме историјата да се повтори... Спремни сме во секое време да одговориме и виртуелно и реално. Нашите напади ќе станат почести доколку не ја смените вашата политика, а многу добро знаете што треба да сторите... Сватете го ова како совет за подобра иднина и подобри меѓусоседски односи...“ Исто така на 27 август, годинава, во периодот меѓу 04:00 и 09:00 часот страната на грчкиот премиер била изложена на повремени ддос напади и на периоди била недостапна. Ова се некои од грчките интернет страници кои се нападнати: www.gipapamanolis.gr, www.brano.gr/shopping, www.aerodromia.com, www.zante-guide.com/zakynthos.
Затвореникот Мирослав Ибриќ, кој поради убиство одлежал казна од 10 години затвор, а од пред година дена е повторно во затвор во Сремска Митровица поради разбојништво, од вчера се наоѓа во самица, затоа што против него се води интерна истрага поради сомнеж дека сексуално ги злоставувал животните. Ибриќ е осомничен дека во затворската штала силувал крава. Ибриќ на дело бил фатен од страна на затворски чувар, а дека против него се води истрага потврдил и управникот на затворот во Сремска Митровица. “Дисциплинска постапка се уште не е покрената. Овој затвореник е одвоен од останатите затвореници. Ние сега мораме да сослушаме повеќе луѓе, кој треба да се изјаснат за тоа кој што видел, кој што слушнал и од кого слушнал. Оваа истрага ќе потрае и сигурно нема да се заврши утре”.
Индонезиецот кого го нарекуваат "човекот-дрво" поради јазлестите израстоци на неговото тело, се врати од болница откако хируршки му беа отстранети шест килограми брадавици, изјави вчера неговиот доктор. Деде, кој како и повеќето Индонезијци има само едно име, првпат почнал да ги забележува брадавиците по неговото тело откако си го исекол коленото како тинејџер. Со текот на годините, го избркале од работа, жена му го напуштила а соседите го избегнувале, поради јазлестите израстоци кои му го покриваа скоро целото тело. Еден од неговите доктори, Рачмад Дината, изјави дека од болницата му дозволиле на Деде (37) да ужива во исламскиот месец на славје со неговото семејство, откако му беа отстранети 95 проценти од брадавиците после 9 извршени операции. Празничниот месец почнува на 1 септември. "Не може целосно да се излечи, но ќе води поквалитетен живот. Порано му требаше помош при извршувањето на секојдневните активности, а сега ќе може сам да јаде, да пишува, да користи мобилен телефон" изјави Дината. Докторот рече дека брадавиците на телото на Деде според еден американски доктор се резултат на сериозна инфекција од хуман папилома вирусот (ХПВ) и дека е можно да пораснат одново. За среќа, болеста веќе не му го загрозува животот.
Login form
E-mail:
Password:
remember
Lost password
|
Registration
Search
Calendar
«
January 2012
»
Su
Mo
Tu
We
Th
Fr
Sa
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31
Site friends
Create your own site
Copyright MyCorp © 2012